Феро Инвест

Лидери во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан во обновливите извори на енергија и металната индустрија.

За групацијата Феро Инвест

Компаниите во групацијата ФЕРО ИНВЕСТ имаат огромно искуство и експертиза во обновливите извори на енергија и во обработката и производството на метални компоненти и свипери.

„Феро Инвест клуч на рака“ е единствен пристап со кој нудиме индивидуално решение за секој клиент. Од првичната физибилити студија, преку финален проект, изградба и монтажа, до пуштање во работа и контрола на производството на електрична енергија, со 24/7 систем за следење за брз одговор.

Во нашите фабрики произведуваме најсовремени еколошки возила за одржување на хигиената во урбани услови, разни машински склопови, производи од жица, болнички елементи и медицински помагала.

Во групацијата работат околу 1000 луѓе, од кои 100 се врвни инженери од сите технички струки.

Ние нудиме комплетно решение за секој клиент

Проектирање и планирање

Квалитетниот дизајн е основа на секој проект. Во нашата групација работат најквалитетните и најискусни дизајнери со големо портфолио на реализирани активности.

Реализација на проекти

Големиот број на инженери од сите професии ни овозможува да реализираме проекти со исклучително висок квалитет. Нашите стручни технички тимови се обучени да ги изведуваат најразновидните инсталации за кратко време. Од изградба на различни обновливи извори до најсофистицирани возила кои се продаваат низ целиот свет.

Производство

Нашата компаративна предност е нашиот сопствен машински парк опремен со најсовремени CNC машини управувани од високо обучени и искусни инженери и техничари. Секој производ што е вграден во нашите проекти може да се направи во нашите производствени капацитети.

Одржување

Квалитетот, брзината и прецизноста во извршувањето на проектите се особено важни за нас. Нашите соработници во нас имаат стабилни партнери. Овозможуваме контрола и одржување на секој проект на кој сме работеле подолг временски период.
Нашиот SCADA систем во реално време ги детектира и најмалите проблеми при работата на електраните и тие се отстрануваат во најбрз можен рок.

Нашата мисија

Градиме електрани од обновливи извори од кои испорачуваме зелена електрична енергија за нашите клиенти, ги одржуваме чисти светските метрополи со еколошки возила од напредни технологии и продуцираме врвни метални производи во повеќе гранки.

Нашата визија

Да ја предводиме енергетската транзиција во декадата пред нас и да поттикнеме широко користење на електричниот и водородниот погон. Со максимално роботизирано производство да ја однесеме индустријата на повисоко ниво на додадена вредност.

Мали хидроцентрали

Феро Инвест е пионер во областа на обновливите извори, компанија која прва на македонскиот пазар започна со проектирање, изградба и пуштање во употреба мали хидроцентрали. Малите хидроцентрали се најеколошкиот начин за производство на електрична енергија, бидејќи ја користат природната сила на водата, природниот пад на теренот и природата во нивната близина многу брзо се враќа во првобитната состојба. Феро Инвест учествуваше во изградбата на 60 MHE во Северна Македонија, Грузија, Косово и Црна Гора. Нашата групација има удел во вкупно 25 MHE во Северна Македонија, а во моментот управуваме и одржуваме 46 MHE во Северна Македонија, Косово и Грузија. MHE со кои управуваме се со инсталирана моќност од 46 MW, а годишно произведуваат околу 125 GWh енергија, односно количина на енергија што годишно ја трошат 21.000 македонски семејства.

Солар

ФЕРО ИНВЕСТ е лидер во дизајнот, изградбата и пуштањето во употреба на соларни централи. Во своето портфолио на изградени фотоволтаици има 50 електрани, на земја и на покрив, со инсталирана моќност од околу 60 MW и вкупно годишно производство на енергија од 115,2 GWh, што е количина на енергија што годишно ја трошат 19.000 семејства.

Електрани на био гас

Една од последните активности воведени во нашето портфолио е изградбата на постројки за био гас. Овој тип на електрани е особено корисен бидејќи во производниот процес користат природно ѓубриво како гориво, од кое се извлекува метан, со чија комбинација се добива електрична енергија. Дополнително, како резултат на тоа се создава иста количина на топлинска енергија која може да се користи за затоплување на земјоделски оранжерии, а се добива и чисто ѓубре за земјоделски потреби. Ја изградивме првата биогасна централа во Сарамзалино, со инсталирана моќност од 2 MW и таа произведува околу 15 GWh годишно, што одговара на потрошувачката на околу 2500 семејства.

Трафостаници

ФЕРО ИНВЕСТ произведува електрични трафостаници, коишто можат да се користат за електрани на обновливи извори на електрична енергија, но и за други индустриски капацитети, за станбени згради и населби, и за други потреби на компаниите и граѓаните.

Електрична енергија

RES е лидер во снабдувањето со електрична енергија на слободниот пазар. Ние сме единствениот снабдувач кој поседува сопствени извори на обновлива електрична енергија, што ни овозможува да понудиме пакети по мерка на секоја компанија зависно од нејзините потреби, сигурна испорака и најдобри цени на пазарот.

Возила

Го произведуваме единствениот хидрогенски свипер во светот, како и свипери на електричен и класичен погон. Нашата компанија Грин Машинс е производител на врвни возила за одржување хигиена во урбани средини и има светска репутација за квалитет и иновативност потврдена со TÜV сертификати.

Медицинска опрема и помагала

Во фабриката Брако произведуваме комплетни производи за медицински потреби и помагала за лица со физички проблеми и изнемоштени луѓе. Квалитетот на производите го препознаваат голем број светски компании кои соработуваат со Брако.

Машински склопови

Брако има воспоставено силна соработка со огромен број европски компании за производство на цели машински склопови со висока сензорска технологија и произведува повеќе видови машински склопови, метални производи, полупроизводи или елементи кои се инсталирани во машини со најсовремена технологија.

Жичен производ

Изминативе години се инвестирани над 7 милиони евра во нови производствени хали и нови најсовремени машини за влечење на жица во фабриката Брако во Велес. Тоа ни овозможува да им понудиме на нашите клиенти широк спектар на производи од жица со исклучително висок квалитет и конкурентни цени.

ИЗВЕДБА НА ЕЛЕКТРАНИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ ПО ПРИНЦИПОТ ,,КЛУЧ НА РАКА’’

Од првичната физибилити студија, преку финален проект, изградба и монтажа, до пуштање во работа и контрола на производството на електрична енергија, со 24/7 систем за следење за брза реакција.

  • Феро Инвест има повеќе од 100 договори за проекти клуч на рака во Северна Македонија, Грузија и Косово..
  • Во секој момент можеме да обезбедиме комплетни услуги за одржување и снабдување со резервни делови.
  • Реагираме брзо, работиме ефикасно и исплатливо.
  • Феро Инвест е партнерот на кој можете да му верувате...
  • Fero Invest Turnkey Solutions ги оптимизира процесите на инвестиции во хидроенергијата и инвестициите во други извори на обновлива енергија.

Нашата главна цел е да ви обезбедиме високо ниво на поврат на инвестицијата, притоа минимизирајќи го севкупниот ризик на портфолиото, со можност да Ви обезбедиме доживотно управување со вашата електрана и откуп на произведената електрична енергија.

Прочитај повеќе

ОД ИДЕЈА ДО ЕНЕРГИЈА

ФЕРОИНВЕСТ е динамичен, пазарно ориентиран и флексибилен холдинг, основан во 2003 година, со над 1000 вработени.

КЛУЧ НА РАКА

Единствена ,,клуч на рака” понуда за обновливи извори, со интегрирани решенија, согласно потребите на секој клиент.

КВАЛИТЕТ

Задоволството на нашите корисници секогаш е на прво место. Нудиме одлична поддршка во реално време.

СТАБИЛНОСТ

Нашите решенија се засноваат на робусни технологии кои имаат значителни предности во однос на традиционалните решенија од тој вид.

ПРОИЗВОДСТВО

Произведуваме електрична енергија преку 25 мали хидроелектрани, 3 фотонапонски електрани и 1 биогасна електрана.

Обновливи извори на енергија на Феро Инвест

Факти низ бројки

Мали хидроцентрали

Фотоволтаични централи

Фабрика за био гас

(MW) Инсталирана моќност

(GWh) Годишно производство на енергија

Години искуство

Врвни инженери

Клиенти

МИЛИОНИ ЕВРА ПРИХОД (2022)

Што добивате со нас

  • Проектирање

  • Дизајн

  • Изработка

  • Монтажа

  • Тестирање

  • Анализа

  • Одржување

  • Пуштање во работа

  • Квалитет

  • Прецизност

  • Ефикасност

  • Ефективност

  • Стандарди

  • Достапност

  • Доверливост

КОНТАКТ

Ние сме секогаш достапни и расположени да Ви помогнеме за било какви прашања.



    +389 2 5514 000

    +389 2 5514 004

    БУЛ. СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БР. 30 - СКОПЈЕ

    [email protected]
    [email protected]