РЕС (Renewable Energy Supply) е модерна и иновативна компанија – лидер во снабдувањето со електрична енергија во Република Северна Македонија. Ние сме единствената компанија на македонскиот пазар која на компаниите им нуди снабдување од сопствени извори на обновлива електрична енергија кои гарантираат доверливост и најдобри цени на пазарот.

РЕС е компанија која нуди иновативен пристап во снабдувањето со електрична енергија, која ги интегрира производителите на електрична енергија од обновливи извори во еден центар кој обезбедува сигурно, стабилно, но и поевтино снабдување за македонските компании.

Нашата цел е најголемиот дел од производството на електрична енергија од обновливи извори од Република Северна Македонија и што е можно повеќе од производството на електрична енергија од обновливи извори од Република Бугарија да го продадеме на крајните корисници на македонскиот пазар. Во денешни услови на нестабилност на пазарот на електрична енергија со големи варијации на цените, само компаниите кои имаат сопствено производство можат да гарантираат стабилност и доверливост во снабдувањето со електрична енергија. РЕС и го понуди на македонската економија токму тоа – стабилно снабдување од сопствените обновливи извори на енергија.

RES 1
RES 2
RES 3

Дознајте повеќе за РЕС