Изградбата на фотоволтаични електрани е хит во производството на електрична енергија насекаде низ светот. Поедноставната изведба во споредба со електраните на други обновливи извори ги прави популарни и како бизнис инвестиција и како решение за сопствена потрошувачка.
ФЕРО ИНВЕСТ досега има изградено три фотоволтаични електрани на земја за свои потреби, и повеќе кровни инсталации на своите фабрички хали со вкупна инсталирана моќ од 17.5MW, како и електрани со вкупна инсталирана моќ од 83.6MW за свои клиенти.
ФЕРО ИНВЕСТ е единствена компанија на македонскиот пазар која нуди комплетни решенија за изградба на фотоволтаични електрани: од почетна идеја, преку изведба, одржување на електраната и обезбеден откуп на електричната енергија во иднина.
Во рамките на групацијата ФЕРО ИНВЕСТ и другите сестрински компании, успешно функционираат различни служби и фирми кои квалификувано го водат инвеститорот низ сите фази на проектот:
– Правна служба која го советува и му асистира на клиентот низ сите административно – урбанистичко-правни постапки (потреби од урбанистички проект, основен проект, градежна дозвола, сопственост на земјиште, сопственост на кров итн.);
АКВАВАТ – проектантско биро специјализирано за проектирање на обновливи извори на енергија;
БРАКО – изработува метални конструкции и електро елементи по барање на Феро Инвест;
ЕМС (Energy Maintenance Solution) – го изведува проектот на терен и во иднина се грижи за неговото оддржување преку 24-часовен мониторинг систем, со цел електраната непрекинато да произведува,
РЕС (Renewable energy supply) – го гарантира откупот на произведената електрична енергија, што се очекува во скоро време да стане најголем проблем со оглед на зголеменото градење на фотоволтаични електрани и зголеменото производство на струја од нив во исто време кај сите капацитети. ФЕРО ИНВЕСТ при откупот на електричната енергија во иднина ќе даде предност на електраните изградени од негова страна. ФЕРО ИНВЕСТ гарантира решение во најбрз рок и со најквалитетни компоненти од највисока енергетска класа ААА за изградба на фотонапонски електрани, а со своето портфолио од над 100 милиони евра, компанијата нуди сигурност за секој инвеститор.

Факти низ бројки

Инсталиран капацитет (MW)

Годишно производство на електрична енергија (MWh)

Годишно намалување на CO2 (t)

ПОРТФОЛИО НА ГРУПАЦИЈА ФЕРО ИНВЕСТ

Ред.
Бр.
НАЗИВ
на соларна електрана
Инсталиран капацитет
(KW)
Инвеститор Локација
         
1 ФЕ Тркање 1 – Централ Инвест 980 Централ Инвест с. Тркање
о. Кочани
2 ФЕ Тркање 2 – Централ Инвест 980 Централ Инвест с. Тркање
о. Кочани
3 ФЕ Тркање 3 – Централ Инвест 980 Централ Инвест с. Тркање
о. Кочани
4 ФЕ Тркање 3 – Централ Инвест 980 Централ Инвест с. Тркање
о. Кочани
5 ФЕ Тркање 4 – Централ Инвест 980 Централ Инвест с. Тркање
о. Кочани
6 ФЕ Тркање 5 – Централ Инвест 980 Централ Инвест с. Тркање
о. Кочани
7 ФЕ Тркање 6 – Централ Инвест 980 Централ Инвест с. Тркање
о. Кочани
8 ФЕ Тркање 7 – Централ Инвест 980 Централ Инвест с. Тркање
о. Кочани
9 ФЕ Тркање 8 – Централ Инвест 980 Централ Инвест с. Тркање
о. Кочани
10 ФЕ Магацин Хемија Комерц 300 Феро Инвест о. Велес
11 ФЕ Брако 1 300 Брако о. Велес
12 ФЕ Брако 2 100 Брако о. Велес
13 ФЕ Брако 3 240 Брако о. Велес
14 ФЕ Брако 4 200 Брако о. Велес
15 ФЕ Брако 5 300 Брако о. Велес
16 ФЕ Гиновци 1 1575 Енерго солар систем о. Ранковце
17 ФЕ Гиновци 2 2700 Енерго солар систем о. Ранковце
18 ФЕ Ранковце 1 900 Енерго солар систем о. Ранковце
19 ФЕ Ранковце 2 900 Енерго солар систем о. Ранковце
ВКУПНО ПОРТФОЛИО ФЕРО ИНВЕСТ 16335

ИЗГРАДЕНИ ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ ЗА ДРУГИ ИНВЕСТИТОРИ

Ред.
Бр.
НАЗИВ
на соларна електрана
Инсталиран капацитет
(KW)
Инвеститор Локација
1 ФЕ Водоча 570 Солар груп енерџи с. Водоча
о. Струмица
2 ФЕ Рудине 900 Рудине ММ Скопје
3 ФЕ Талашманце 675 Луксар с. Талашманце
о. Кратово
4 ФЕ Мај Комерц 900 Мај Комерц Леар Скопје
5 ФЕ Ржаничано 750 АС ЕОС Груп Скопје
6 ФЕ Монтинг 700 Монтинг електро производство Битола
7 ФЕ Квасара 1575 Фабрика за квасец и алкохол Битола
8 ФЕ Лихнида 1000 АСП-ПАК Охрид
9 ФЕ ИНТ трејд 1 200 Модна групација ИНТ Кочани
10 ФЕ ИНТ трејд 2 100 Модна групација ИНТ Кочани
11 ФЕ Лескоп 140 АСП-ПАК Охрид
12 ФЕ Бато и Дивајн 200 Бато енд Дивајн графикс центар Скопје
13 ФЕ Кик солар 100 Кик солар Скопје
Вкупно порфолио други инвеститори 7810    
Lihnida Ohrid
Kvasara Bitola krov 7.12.2022 1
viber_image_2023-07-25_09-11-51-863