ФЕРО ИНВЕСТ има сопствено производство на електрична енергија од електрани од обновливи извори во количина од 350 MWh годишно. ФЕРО ИНВЕСТ произведува преку 40 мали хидроелектрани, 3 фотонапонски електрани и 1 биогасна електрана. Во моментот се градат нови производни капацитети, со што сопственото производство во иднина ќе се зголемува. ФЕРО ИНВЕСТ има на располагање и 350 MWh електрична енергија годишно од обновливи извори во Бугарија, односно од електраните на бугарската фирма Кер Токи, која е партнер во нашата фирма за снабдување со електрична енергија РЕС (Renewable energy supply).
Сопственото производство ни овозможува да нудиме најповолни услови за клиентите и да создаваме посебни понуди за секој клиент, според неговата индивидуална потрошувачка и според неговите желби и потреби.

toki-bg
ems-1
nasiot-tim-banner