Биогасните електрани се најпредвидливите и најсигурните извори на електрична енергија од обновливи извори, од причини што нивното производство може да се контролира и не зависи од природните услови, како што се ветер, сонце или доток на вода. Биогасот како гориво обезбедува електраната да дава базна енергија и овој вид производни енергетски капацитети се уште не се доволно развиени по број и не се доволно искористени, иако иднината се повеќе ќе ги бара и добро е навремено да се инвестира во нив. Феро Инвест веќе има изградено електрана на биогас со инсталирана моќ од 2MW за свои потреби, а во план е изградба на уште една.

За своите клиенти нуди комплетна услуга за изградба, со инсталирање на потребната електронска опрема од водечката австриската фирма MWM Austria GmbH.

ФЕРО ИНВЕСТ е единствена компанија на македонскиот пазар која нуди комплетни решенија за изградба на електрани на биогас: од почетна идеја, преку изведба, одржување на електраната и обезбеден откуп на електричната енергија во иднина.
Во рамките на групацијата ФЕРО ИНВЕСТ и другите сестрински компании, успешно функционираат различни служби и фирми кои квалификувано го водат инвеститорот низ сите фази на проектот:
– Правна служба која го советува и му асистира на клиентот низ сите административно – урбанистичко-правни постапки;
АКВАВАТ – проектантско биро специјализирано за проектирање на обновливи извори на енергија;
БРАКО – изработува метални конструкции и електро елементи по барање на Феро Инвест;
ЕМС (Energy Maintenance Solution) – го изведува проектот на терен и во иднина се грижи за неговото оддржување преку 24-часовен мониторинг систем, со цел електраната непрекинато да произведува,
РЕС (Renewable energy supply) – го гарантира откупот на произведената електрична енергија.
ФЕРО ИНВЕСТ, со своето портфолио од над 100 милиони евра, нуди сигурност за секој инвеститор.

Факти низ бројки

Просечно годишно производство на електрична енергија MWh

Број на гасни електрани

Заштеда на CO2 годишно t

Нашето портфолио за биогас

Електрана на биогас

Био Ентерпрајз - 2MW

с. Сарамзалино
default
Bio gasna centrala 2
Bio gasna centrala 3