ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем

Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.

Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.

Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските елекрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.

 

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?

ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:

  • Кабинетски батерии
  • Контејнерски батериски системи

Овие системи:
✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.

✔  совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.

 

РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА

За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:

📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка

📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани

Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.

 

КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ

ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:

  • изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
  • проектирање на батерискиот систем
  • испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
  • пуштање на батеријата во работа
  • програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
  • 24/7 мониторинг на батерискиот систем
  • одржување на батерискиот систем
  • приклучување во нашата балансна група
  • откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија

 

ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ

Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:

02/5122   809

075 277 354

[email protected]

[email protected]

 

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ – 10.03.2026

Рок 1 април 2026 – батерии за ФЕ (проекти за 2027)

Доколку како инвеститори планирате инсталација на батериски систем на постоечка фотоволтаична електрана, важно е да знаете дека:

Рокот за поднесување иницијатива за изградба на батериски системи за 2027 година е 01.04.2026.

Согласно новиот Закон за енергетика („Службен весник на РСМ“ бр.101/25 и 135/25), за батериски системи (под 1 MW) потребно е до овој датум да се поднесе иницијатива до надлежната општина, со цел проектот да биде вклучен во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2027 година.

Без вклучување во овој план, реализацијата на инвестицијата не е можна.

Во сегашните пазарни услови, фотоволтаичната електрана сама по себе сè почесто не може да ја врати инвестицијата, бидејќи во часовите со највисоко производство цената на електричната енергија е многу ниска, а понекогаш и нулта.

Затоа, батериските системи стануваат клучен дел од економиката на фотоволтаичните електрани, бидејќи овозможуваат:

  • складирање на електричната енергија кога цената е ниска
    • продажба на електричната енергија кога цената е повисока
    • стабилизирање и зголемување на приходите од електраната
    • намалување на пазарните и регулаторните ризици, вклучително и CBAM

Феро Инвест е првата компанија во државата со реализирани батериски системи.

Во 2025 година успешно пуштивме во работа два сопствени батериски системи, а истовремено имаме и инсталирано батериски системи за наши клиенти.

Нашиот тим може да ви помогне во:

  • подготовка на иницијативата и потребната документација
    • водење низ административните постапки
    • проектирање, испорака и инсталација на батериски систем клуч на рака

Доколку размислувате за ваква инвестиција, ве охрабруваме навреме да започнете со постапката, со оглед на законскиот рок – 1 април 2026.
За дополнителни информации и консултација, слободно контактирајте нè:

Горан Анѓушев
📞 072 564 900
[email protected]

Тодор Анѓушев
📞 070 257 807
[email protected]