Малите хидроелектрани и натаму претставуваат еден од најдобрите обновливи извори на електрична енергија и тие продолжуваат да се градат во сите држави, секаде каде постојат природни услови за тоа.
ФЕРО ИНВЕСТ беше прва компанија која почна со иградба на мали хидроелектрани во регионот. Од 2007г до денес, ФЕРО ИНВЕСТ за себе има изградено 25 мали хидроелектрани со вкупна инсталирана моќ од 22.5 MW, и уште 23 електрани со инсталирана моќ од 20.5 MW за свои клиенти во Р. Северна Македонија, Грузија и Азербејџан.
ФЕРО ИНВЕСТ е единствена компанија на македонскиот пазар која нуди комплетни решенија за изградба на мали хидроелектрани: од почетна идеја, преку изведба, одржување на електраната и обезбеден откуп на електричната енергија во иднина. Во рамките на групацијата ФЕРО ИНВЕСТ и другите сестрински компании, успешно функционираат различни служби и фирми кои квалификувано го водат инвеститорот низ сите фази на проектот:
– Правна служба која го советува и му асистира на клиентот низ сите административно – урбанистичко – правни постапки;
– АКВАВАТ – проектантско биро специјализирано за проектирање на обновливи извори на енергија;
– БРАКО – изработува метални конструкции и електро елементи за хидроелектрани;
– ЕМС (Energy Maintenance Solution) – го изведува проектот на терен и во иднина се грижи за неговото оддржување преку 24-часовен мониторинг систем, со цел електраната непрекинато да произведува;
– РЕС (Renewable energy supply) – го гарантира откупот на произведената електрична енергија.
Со своето портфолио од над 100 милиони евра, компанијата нуди сигурност за секој инвеститор во мали хидроелектрани.